Слушно помагало
според вашите потреби

Подесувањето на слушното помагало се одвива во неколку чекори. Секој слушен апарат се подесува според оштетувањето на слухот на корисникот, според неговиот ушен канал и неговиот стил на живот.


Запознајте го вашето слушно помагало

Специјалистот за слушни помагала ќе ви даде детални упатство: како да ги поставите слушните помагала на вашите уши, како да ги користите и како да ја контролирате јачината на звукот. Тој или таа исто така ќе ви објасни за нивното одржување, како да ги замените батериите, да ги чистите и сушите помагалата. Конечно, ќе дознаете повеќе како реагираат вашите сушни помагала во различни ситуации. По сето ова ќе можете да си ги понесете вашите нови слушни помагала дома.



Првите денови со вашето ново слушно помагало

Првите денови, треба да се прилагодите на носење слушни помагала. Периодот на прилагодување е околу 2 недели. Најпрвин, треба да ги носите по неколку часа во денот, во ваше познато опкружување. На почеток е очекувано некои работи да ви делуваат чудно. Најдобар начин е да почнете со разговори во домашна средина или со гледање телевизија. Вашиот глас може да ви делува чуден или премногу гласен, бидејќи сте создале навика да зборувате гласно. Вежбајте да зборувате потивко. Запишете ги вашите искуства, тие ќе му помогнат на вашиот специјалист подобро да го подеси слушниот апарат.



Последно подесување од страна на вашиот специјалист за слушни помагала

На следното подесување на вашите слушни помагала ќе имате можност да разговарате со вашиот специјалист за вашите искуства стекнати од периодот на прилагодување. Тогаш вашето помагало ќе биде подесено специфично за сите ваши потреби. Ќе ви бидат одговорени сите прашања и ќе ви биде даден совет од страна на специјалистот. Вашето помагало може да биде подесено со цел да го подобри вашиот комодитет и разбирливост на говорот.

 
Во оваа фаза, веќе сте во можност да ги почувствувате секојдневните промени во квалитетот на вашето живеење. Продолжете да ги користите вашите слушни помагала по неколку часа дневно. Не брзајте. Ќе научите како најдобро да го користите и наскоро ќе ги почувствувате сите бенефиции кои тие ги нудат.

 



Контактирајте нѐ

Доколку имате прашања, ве молиме контактирајте го вашиот специјалист за слушни помагала.