Редовната проверка на слухот ќе ви овозможи рано да ги утврдите знаците на негово губење.
Кога последен пат сте го провериле вашиот слух?
Сигурно сте се запрашале како се одвиваат консултациите со специјалистото за слушни помагала.
Со цел да се спремите за вашата прва посета би сакале да ви дадеме неколку важни информации во врска со тоа.
info Одвојте еден час за вашата прва посета. Доколку сакате, можете да бидете придружувани од некој роднина или пријател. Така многумина се чувствуваат посигурно. Имање на познато лице покрај вас е особено корисно кога имате проблеми со комуникацијата.
За почеток ќе бидат накратко прегледани вашите уши со цел да се види дали постои шшна маснотија или некоја инфекција во ушите.
По испитување на увото следи тестирање на слухот (аудиограм), кое покажува дали и колкаво оштетување на слухот имате. Истото трае не подолго од 15 минути. Ќе
ви бидат поставени слушалки преку кои се емитуваат секвенци од тонови, некои погласни, некои потивки.
Единствено што треба да направите
е да дадете сигнал кога ќе го слушнете тонот.
По испитувањето на слухот, специјалистот ќе ви каже повеќе за вашиот слух и оштетувањето на слухот. Исто така, ќе ви ги понуди најсоодветните решенија за вашето
оштетување.
По завршувањето на консултацијата, специјалистот ќе ви ги објасни сите опции и решенија кои се достапни за вашето оштетување. Ќе ви прикаже избор на слушни помагала кои се најсоодветни за вашето оштетувањето на слухот. Исто така, ќе ви ги објасни и разликите и предностите на производите.
info Сега е најдоброто време да ги поставете сите прашања кои ги имате во врска со вашиот проблем, за детално да ви бидат објаснети од страна на вашиот специјалист. Колку повеќе тој е запознаен со вашиот проблем, толку полесно и подобро ќе може да ви помогне. Потсетете се на ситуации во кои сте имале потешкотија да слушате (слушање музика, разговор во бучна средина, разговор по телефон, семеен собир...) и истите објаснете му ги на вашиот специјалист.
СЛЕДЕН ЧЕКОР:
Phonak е глобален лидер во развојот на решенија за оштетен слух.
Phonak постојано работи на наоѓање нови решенија, а со тоа успева да го постигне највисокото ниво на иновативност во индустријата.
Дознајте повеќе за Phonak слушните помагала.
Phonak слушните помагала се подесуваат спрема вашите индивидуални потреби, но сепак, тие треба да бидат оптимизирани за да бидете сигурни дека добро ќе слушате каде и да се наоѓате.
Вашиот специјалист за слушни помагала ќе ви помогне да го направите најдобриот избор. Тој ќе ги има во предвид вашите потреби, вашиот буџет, вашиот животен стил и вашите индивидуални преференции.