Вашата прва посета кај специјалист за слушни помагала

Редовна проверка на слухот ќе ви овозможи рано да ги утврдите знаците на негово губење. Кога последен пат сте го провериле слухот?


Да започнеме

Сигурно сте се запрашале што се случува за време на консултациите. Со цел да се спремите за вашата прва посета би сакале да ви дадеме неколку важни информации во врска со тоа.

 

info Потребен ви е еден саат  за вашата прва посета. Доколку сакате , можете да бидете придружувани од некој роднина или пријател. Многумина се чувствуваат посигурно на тој начин.


Испитување

За почеток ќе бидат накратко прегледани вашите уши со цел да се види дали постои церумен или некоја инфекција во ушите.



Тестирање на слухот (Аудиограм)

Тестирањето на слухот, односно правењето на аудиограм кој покажува дали и колкаво оштетување имате , трае 15 минути. Ќе ви бидат поставени слушалки и ќе ви бидат емитувани секвенци од тонови, некои погласни, некои потивки. Единствено што треба да направите е да дадете сигнал кога ќе го слушнете тонот.
По испитувањето на слухот,специјалистот ќе ви каже повеќе за вашиот слух и оштетувањето на слухот и какви решенија постојат и се најсоодветни за вашето оштетување.



Избирање на слушно помагало

По завршувањето на консултацијата, експертот ќе ви ги објасни сите опции и решенија кои се достапни за вашето оштетување. Ќе биде прикажан избор на слушни помагала кои се најсоодветни за вашето оштетувањето на слухот. Исто така, ќе ви бидат објаснети разликите и предностите на производите.

 

 

info Поставете ги  сите прашања кои ги имате во врска со вашиот проблем за детално да ви бидат објаснети од страна на експертот. Колку повеќе тој е запознаен со вашиот проблем, толку полесно и подобро ќе може да ви помогне. Поради тоа  препорачливо е да се размислува за ситуации како слушање музика, разговор во бучна средина, разговор по телефон, семеен собир, состаноци пред да се дојде на закажаната средба.



СЛЕДЕН ЧЕКОР:

Подесување на вашето ново слушно помагало

Phonak е глобален лидер во развојот на решенија за оштетен слух. Со нашите постојани напори за изнаоѓање на нови решенија, ние успеавме да постигнеме највисока стапка на иновација во индустријата.

 Дознајте повеќе за Phonak слушните помагала.

 

Phonak слушните помагала се подесуваат спрема вашите индивидуални потреби, но сепак, тие треба да бидат оптимизирани за да бидете сигурни дека ќе останете вклучени, каде и да се наоѓате.



Посетете специјалист за слушни помагала веднаш

Вашиот специјалист за слушни помагала ќе ви помогне да го направите најдобриот избор. Тој ќе ги има предвид вашите потреби, вашиот буџет, вашиот животен стил и вашите индивидуални преференции.