Причини за загуба на слухот

Зошто вие или некој ваш близок може да има оштетување на слухот?


Научи повеќе за својот слух

Практично, го слушате она што можете да го слушнете. Затоа работите што ги слушате сè уште може да ви изгледаат правилно, иако веќе можеби имате на слухот. Вистината е дека вашиот мозок едноставно се прилагодува на новата ситуација и ги компензира ослабените сигнали што доаѓаат од ушите. По некое време вашиот мозок буквално заборава како да слуша, бидејќи не се сеќава како звучат зборовите.  

Загубата на слухот може да настане како резултат на оштетување на било кој од следниве делови на увото:


НАДВОРЕШНО УВО

Типичните проблеми со надворешното уво се: ушна маснотија и иинфекции на аудитивниот канал. Вообичаено, решавањето на овие проблеми е многу лесно. Но, важно е да се дејствува брзо со цел да се избегне оштетување на слухот.

 

СРЕДНО УВО

Воспаление, течност зад ушното тапанче, перфорации на ушното тапанче и отосклероза (згрчување на коските во средното уво) се најчестите проблеми кои ја спречуваат правилната функција на средното уво (middle ear). Повеќето од проблеми, кои се предизвикани од надворешното и средното уво,  можат да се решат ефикасно со лекови или оперативен зафат. Но, доколку тоа не е можно, трајното губење на слухот може да биде компензирано со слушно помагало.

ВНАТРЕШНО УВО

Најголемиот број на проблеми, кои се поврзани со слухот,  се однесуваат на внатрешното уво. Најчеста причина е природниот процес на стареење. Но, гласната бучава, користењето на некои видови на лекови или повреди на главата, се причини кои, исто така, можат да придонесат до оштетувања на слухот. Овие причини ги оштетуваат клетките и  влијаат на преносот на сигнали до аудитивните нерви. Обично, загубата на слухот во овие случаи, не може да се реши оперативно. Сепак, во повеќето случаи, овој вид на оштетувања на слухот можат да се коригираат со слушно помагало.



Загубата на слухот предизвикана од дефект на надворешното или средното уво се нарекува кондуктивна загуба на слухот. Оштетување на внатрешното уво, се нарекува сензоневрална загуба на слухот. Ако и двата вида се појават заедно, состојбата се нарекува комбинирано губење на слухот.



Добијте професионална помош

Вашиот специјалист за слушни помагала ќе ви помогне да го направите најдобриот избор. Тој ќе ги има во предвид вашите потреби, вашиот буџет, вашиот животен стил и индивидуални преференции.